На турнирот во Футог: У-14 репрезентацијата на Македонија одигра без голови со Војводина

353

На првиот меч од турнирот во Футог (Р. Србија), У-14 репрезентацијата на Македонија одигра 0:0 против адекватниот тим на Војводина од Нови Сад. И покрај добрата игра нашите фудбалерчиња сепак не успеале да постигнат гол и да победат. Селекторот Драган Начевски на овој меч шанса за настап им даде на: Илоски, Ракипи, Хасани, Атанасовски, Спасовски, Перески, Хисар, Киш, Младеновски, Грашевски и Шаини. Мечот од клупата го започнаа и Бесир, Трајковски, Кадриовски, Митров, Радевски, Дончевски, Мурџевски, Керими, Стојковски, Андоновски, Кузмановски, Антониев и Томовски.

ПретходноМендеш го носи Гатузо на клупата на Њукасл!?
СледноУжасна статистика: Меси е најлошиот напаѓач во Европа!!!