„Баварската машина“ запиша апсолутен рекорд во Бундес лигата (видео)

202

ФОТО: Twitter/FC Bayern English

Екипата на Баерн Минхен го совлада Унион во гости со 5:2 и освен што освои нови бодови запиша и апсолутен рекорд во Бундес лигата. Имено со овие пет гола во Берлин, баварската „машина“ има постигнато 38 во првите 10 натпревари од сезоната.

Тоа досега не му успеало на ниту еден друг клуб во историјата на Бундес лигата.

Освен тоа Баерн дал најмалку по еден гол на последните 56 бундеслигашки натпревари по ред.

Роберт Левандовски во 360 настап во Бундес лигата постигна два гола и стигна до 289 гола, а само сезонава има 12 гола со што е најефикасен од сите играчи во Топ 5 лигите во Европа.

На другите натпревари, Борусија Дортмунд и без повредениот Ерлинг Халанд го победи Келн со 2:0 со головите на Торган Азар и Штефен Тигес. Волфзбург со новиот тренер Кофелд славеше на гостувањето кај Баер Леверкузен со 2:0.

Фрајбург го победи Фројтер Фурт со 3:1, Мајнц ја совлада Арминија во гости 2:1.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноОК Вардар се засили со хрватски интернационалец
СледноАх, Пелистер: На толку ветувања клубот е закован на дното!