Досегашниот тренер на Баерн Минхен Ханси Флик ќе биде новиот селектор на Германија. Флик ќе го наследи долгогодишниот кормилар на „Панцирите“ Јоаким Лев, кој ќе ја води Германија на Европското првенство за последен пат.
Ваков развој на настаните и беше за очекување по мандатот на Лев кој трае 15 години.
„Разговарав со раководството на Федерацијата. Сите знаат што чувствувам за националниот тим и преостануваат само детали за конечен дил и објавување на соработката“ – изјави Флик.