Серхио Кун Агуеро синоќа го заврши ремито против Алавес на домашен терен уште во првиот дел. За време на мечот не се дозна причината но утринава шпанските медиуми јавуваат дека Агргентинецот почувствувал гушење, и дека откако беше заменет веднаш заминал во болница. Констатирана е тахикардија односно забрзана работа на срцето.
Сега станува јасно дека ќе мора Агуеро да мине низ серија детални прегледи, за да не дојде до некоја несакана ситуација, и дека тој ќе го пропушти многу важниот меч од Лигата на Шампионите кои Каталонците го играат против Динамо Киев.