Хамес се обиде да натепа судија, па доби црвен картон (видео)

309

На маките на Хамес Родригез им нема крај. Колумбиецот отиде во Катар да си ја пронајде среќата и воедно да си ја поврати формата и самодовербата по непријатните авантури во Евертон и во Реал Мадрид. По неколку сезони Хамес одлучи да не ја грее повеќе клупата на Реал туку да игра за Ал Рајан во Катар. Минатото коло го постигна првиот гол во победата над Ал Салија со 4:2, а синоќа запиша и асистенција во мечот со Ал Араби. Но во финишот на мечот колумбискиот интернационалец „здиве“. Доби жолт картон, а потоа му се пушти на судијата барајќи објаснување. Иако му беше речено да се повлече, Хамес упорно се расправаше со судијата па соиграчите го спречија да не му се фрли и да го истепа. Судијата му покажа уште еден жолт картон и го исклучи од натпреварот.

ПретходноАдресата на Лазаров полна со понуди иако планира пензија!
СледноАгуеро ги доби резултатите од прегледите, ќе паузира извесен период!