Викендов се игра последното коло од овогодинешниот Ла Лига шампионат во Шпанија, а тимот на Реал Мадрид одлучувачкиот меч за титулата го игра против тимот на Виљареал на домашен терен.
Тренерот Зидан на официјалната прес конференција пред мечот објави дека Еден Азар повторно е повреден и дека нема да биде во комбинација за овој дуел.
Тоа и не е којзнае какво изненадување затоа што Азар е константно на листата на повредени играчи од најразлични причини, а овогодинешната статистика му е одиграно 21 меч, вкупно 896 минути и само 4 постигнати гола.