Хрватскиот Хајдук од Сплит го одбра новиот тренер. Тоа е Валдас Дамбраускас кој потпиша договор до летото 2024 година, објавија од клубот. Инаку се работи за тренер од Литванија, а зад себе има 14-годишно тренерско искуство – прво во академиите на Фулам, Манчестер Јунајтед и Брентфорд, а првата сениорска работа му е во Кингсбери Лондон Тајгерс. Од 2010 до 2012 бил селектор на У17 и У19 репрезентациите на Литванија, истиот период бил и тренер на литвански Екранас, потоа станува тренер на Жалгирис со кого освои три едноподруго титули.
Работел и во летонски РФС, па во хрватска Горица, бугарски Лудогорец, а сега во Хајдук.
Со тоа дефинитивно Хајдук се откажа од интересот за поранешниот македонски селектор Игор Ангеловски.