Аргентина со многу нови играчи за мечевите со Уругвај и Бразил

124

Идната недела продолжуваат квалификациите за СП 2022, а Аргентина ќе игра два дуели во јужноамериканската група и тоа на 12 ноември против Уругвај во Монтевидео, а четири дена подоцна против Бразил во Сан Хуан.

Селекторот Лионел Скалони го врати Пауло Дибала, тука се Меси, Ди Марија, но и осум нови играчи: Енцо Фернандес, Тијаго Алмада, Сантијаго Симон, Езекиел Зебаљос, Кристијан Медина, Матијас Суле, Гастон Авила и Федерико Гомес Герт.

Дел од нив се поранешни, а дел се актуелни играчи на младинските селекции на Аргентина кои никогаш не заиграле за сениорите.

ПретходноМурињо жестоко го прозва Јувентус
СледноГвардиола: Пишуваа за мене поради една изјава – која беше чиста вистина!