„Во еден момент јас и Робен бевме подобри од Меси и Роналдо“

260

Овој тандем беше одличен неколку сеони, беше еден од најзаслужните за титулата во Лигата на шампиони во 2013 година. Тогаш Баерн го победи Дортмунд, а погодокот за титула го постигна Робен.

Но, и денеска за многумина е неверојатно како ниту еден од нив двајца не успеа да ја освои „Златната топка“. Тогаш траеше доминацијата на Лионел Меси и Кристијано Роналдо, се чинеше дека нема место за други фудбалери без оглед на тоа каква сезона имаа во клубовите и во репрезентацијата.

Поради ова Рибери изјави дека во еден момент тој и Робен биле подобри од Меси и Роналдо, но знае што било пресудно за да не бидат толку гледани во светот на фудбалот.

„Искрено мислам дека јас и Роналдо во еден момент бевме подобри од Роналдо и Меси, но тие играа „Ел Класико“ на секои месец дена поради тоа публиката ги гледаше повеќе од нив. Тоа беше и пресудно“, рече Робен.

Овој тандем во Баерн остана десет години, имаа одлична соработка, а го добија и надимакот „Robbery“.

ПретходноЊукасл подготвува голем трансфер, затропа на вратата на Баерн
СледноНа „Енфилд“ беше доделен еден од најбизарните црвени картони во историјата на ЛШ (ВИДЕО)