Меси во договорот има клаузула „Аргентина“

266

Лионел Меси летово по дваесетина години минати во дресот на Барселона, се пресели во тимот на ПСЖ.

Аргентинецот засега е само сенка на она што треба да биде, односно на она што го играше во Барселона, а неговата форма се коментира како сплет на повреди, на аклиматизација, на премногу звезди во клубот…

Сепак, ПСЖ инсистираше да го доведе во своите редови, а за да го стори тоа очигледно дека се согласил ама буквално на се. Па така, во договорот на Меси има клаузула т.н. „Аргентина“, која вели дека Меси може да замине за својата татковина и да игра за репрезентацијата во секој момент, и дека ПСЖ не смее да се противи на тоа. Во моментов Меси е повреден, не тешко секако, и тој нема намера да го откаже повикот за репрезентацијата која следната недела игра против Уругвај односно Бразил, мечеви во кои таа иста повреда од ситна може не дај боже да стане покрупна.

Сепак, ПСЖ тука не може ништо со оглед на фактот што очигледно дека при потписот со Меси на Аргентинецот наместо договор му дале бланко лист да напише што сака.

ПретходноВаран паузира еден месец
СледноПознат списокот и на Исланд!