Шуаи Пенг, тенисерка од Кина, која беше и бр.1 во светот во двојки, излезе со обвинување дека била силувана од некогашниот заменик премиер на Кина, Жанг Гао Ли кој од 2013 до 2018 година беше на таа функција.
Оваа вест беше топ – тема во Кина во текот на денешниот ден. Сепак според Пенг, таа не поседува докази дека тоа и се случило. Интересно, објавата на социјалните мрежи по кусо време беше избришана.
“Не можев да престанам да плачам. Ме однесе во неговата куќа и со сила ме натера да имаме однос. Немам докази, а беше и невозможно во тие моменти да ги направам. Имам само искуство од тоа што се случи, од тоа што навистина се случи“ порача Пенг.