Кавани е прв на списокот на Барселона од четири потенцијални замени за Агуеро

173

 

Искусниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Единсон Кавани е еден од четворицата играчи кои се избрани во страна на тимот на Барселона како потенцијални замени за Серхио Кун Ахуеро. Аргентинецот нема да игра најмалку во следните три месеци откако му беше дијагностицирана срцева аритмија и во моментов тој се наоѓа во болница. За Кун воопшто не се знае дали тој воопошто ќе добие дозвола од страна лекарскиот тим повторно да се бави со фудбал, што значи дека фудбалската иднина на Аргнетинецот е сериозно доведена во прашање.

Од друга страна пак, Кавани кој има 34 години, потпиша нов договор со Јунајтед до крајот на оваа сезона. Од стартот на сезонава, Уругваецот настапи на осум натпревари за Манчестер Јунајтед, стартувајќи двапати, постигнувајќи еден гол. Според каталонски „Спорт“, тој и напаѓачот на Арсенал, Александре Лаказет се двете главни опции, бидејќи можат да бидат најевтини во Барса, со оглед на тоа што нивните договори истекуваат следното лето.

Останатите опции се Рахим Стерлинг и звездата на РБ Лајпциг Карим Аџеми. Сепак за нив ќе биде потребна знаително поголема сума на пари, па тие не се првата опција за Барса во моментов.

 

ПретходноКонте воодушевен: Не знам дали некој друг во светот има вакво нешто!
СледноЗа Црвена Звезда следува драконска казна (ВИДЕО)