Роберто Гарсија Парондо пред денешниот дуел со Македонија, прв од планираните два, потпиша нова соработка со египетската федерација.
Некогашниот предводник на втората златна генерација на Вардар, доби договор од три месеци, поточно истиот ќе има важност до завршување на Африканското првенство во Мароко во јануари 2022 година.
Доколку челниците на тамошната федерација бидат задоволни, тогаш ќе разговараат за нови договор, поточно до ОИ во Париз.
По освојувањето на пехарот во ЛШ со Вардар во 2019 година, Парондо доби понуда од Египет за селекторката функција. Од скоро Шпанецот го превзема кормилото на Мелсунген, иако претходно токму раководството на египетската федерација не дозволуваше да има друг ангажман.