Го напушти Баерн и веднаш потпиша за Гремио

571

Foto>Twitter/Juventus

Само неколку часа откако Баерн објави дека се разделува со Даглас Коста, бразилскиот Гремио објави дека токму тој играч е нивен нов член. Бразилскиот репрезентативец потпиша едногодишен договор и ќе настапува за Гремио како позајмен од Јувентус.

Даглас Коста во Баерн настапуваше како позајмен но германскиот шампион не се реши да го задржи.

Даглас Коста се враќа во матичниот клуб после 11 години. Кога во 2010 година го напушти клубот од Порто Алегре замина во Шахтјор, од таму во Баерн, па во Јувентус, па на позајмица во Баерн па сега се врати дома.

Даглас Коста има 31 меч за бразилскиот национален тим.

ПретходноKлоп: Нема да ги следиме другите натпревари освен ако Лестер не води со 5-6 гола
СледноПо 23 години Диме Тасовски ги закачи патиките