Едноставно романтика. По повод годишнината од смрта на синот на Неапол, а тоа секако дека е Диего Армандо Марадона, Наполи одлучи во ноември сите мечеви да ги игра со посебно дизајниран дрес. Елиф Елмас и неговите колеги на дресот ќе го имаат ликот на Диего. Тие мечеви ќе бидат со Ренова, Интер и Лацио.
Во чест на Марадона градот под Везув, но и Наполи го преименуваа и стадионот, кој сега се вика “Диего Армандо Марадона“.
Колку за потсетување, Марадона вод 1984 до 1991 година од еден просечен клуб направи гигант и во европски рамки, а со Наполи двапати ја освокуваше титулата во Серија А.