Баерн Минхен продолжува во победнички стил во Бундес лигата, денеска на свој терен во 11.коло на Бундес лигата го совлада Фрајбург со 2:1 и головите ги постигнаа Горецка во 30. минута и Роберт Левандовски во 75. минута. Хаберер во 92 минута го ублажи поразот за Фрајбург.
За Левандовски ова е 20-ти гол во 19-тото соочување со Фрајбург што е негов најдобар ефект против некоја екипа.
Бохум го совлада Хофенхајм со 2:0, Штутгарт изгуби дома од Арминија со 0:1, додека Волфсбург со новиот стратег славеше со 1:0 против Аугзбург.