Екипата на Челзи налета на тврд орев денеска во 11. коло на Премиер лигата. „Сините“ одиграа 1:1 против Барнли и загубија два бода во битката за врвот. Германскиот интернационалец Каи Хаверц во 33. минута го доведе Челзи во водство, а изедначи чешкиот фудбалер Видра во второто полувреме.
Лондончани имаа многу шанси да стигнат до победа, но гостите ја казнија домашната неефикасност. Ова е второ реми за Челзи сезонава.