Малку славење и за малиот Норвич кој успеа да запише триумф на гостувањето кај Брентфорд во 11. коло на Премиер лигата. „Канаринците“ славеа со 2:1 со головите на Норман и Пуки во првото полувреме.
Интересно е што ова е прва победа на Норвич по 20 меча без успех во Премиер лигата, односно од февруари 2020 година немаа забележано победа во најсилната англиска лига. Во таа серија имаа 18 порази и две ремија. Со оваа победа се одлепија од последното место на табелата и сега имаат пет бода, еден повеќе од последниот Њукасл кој има и меч помалку.