Ах, таа Барса – водеше кај Селта со 0:3, на крајот освои само бод!

145

Барселона повторно по старо. Кикс до кикс. Се чини дека ќе биде премија ако оваа сезона избори место во ЛШ за наредната сезона. Каталонскиот клуб го смени тренерот но резултатите не се променија. Денеска гостуваа кај Селта и одиграа 3:3. Со головите на Фати, Бускетс и Депај Барселона водеше на полувреме со 0:3 и ова водство го држеа се до 52. минута кога работите почнаа да се движат во обратна насока.

Селта се крена, прво Аспас намали, по него погоди Нолито, а ремито го донесе Аспас во шестата минута од судиското продолжение.

Барса е на 9-тото место и има пет ремија (17 бода вкупно), а Селта е 14-та.

ПретходноРакометарите и по вторпат поразени од Египет во Каиро
СледноНорвич по 20 меча без успех, конечно, победи во Премиер лигата