Го реши тетовското дерби: „Јас сум тимски играч, среќен сум за голот“

404

Албанскиот интернационалец Сидрит Гури денеска го реши градското дерби Под Шара. Со неговиот гол во 23. минута, Шкендија славеше против Ренова со 1:0 и ја обезбеди петтата сезонска победа.

„Драго ми е што постигнав гол, затоа што сум тимски напаѓач и моја должност е да постигнувам голови. Се надевам дека ќе продолжам да постигнувам што е можно повеќе. Тимот, персоналот и тренерот ми помагаат многу, и верувам дека ќе продолжам да постигнувам голови и на следните натпревар”, изјави Гури по средбата.

ПретходноФилип Милошевски реизбран за член на Арбитражата на ИХФ
СледноНорвич остана без менаџер: Конечно победи, па си даде отказ