Пилотот на Мерцедес, Валтери Ботас, ќе стартува од првата позиција на утрешната трка за ГН на Мексико. Вечерва во квалификациите, Ботас оствари најдобро време.
Второто место според резултатите го зазеде неговиот партнер Луис Хамилтон, а третото место го зазеде лидерот во шампионатот, Макс Верстапен на Ред Бул.
Квалификациите беа прекинати извесен период поради излетувањето на Строл.
- Валтери Ботас (Мерцедес) – 1.15.875
- Луис Хамилтон (Мерцедес) 0,145
- Макс Верстапен (Ред Бул) 0,350
- Серхио Перез (Ред Бул) 0,467
- Пјер Гасли (Алфа Tаури) 0,581