Утре собирот: Националите само со два одработени тренинга ќе летаат за Ереван!

174

Квалификациите за СП во Катар 2022 ги завршуваме со двата последни меча од групата – Ј, и тоа на 11 ноември со Ерменија на гости, а три дена подоцна играме со Исланд на Арената во Скопје. Селекторот на нашата најдобра фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, минатата среда веќе го објави спсокот на играчи на кои ќе смета на овие два натпревари. Шансите за баражот не се докрај загубени, но секако треба да се поклопат и “коцките“ што би се рекло.

За утре во 12 часот закажан е собирот во хотелот “Хилтон“ во Скопје, базата на репрезентацијата во последно време. Потоа од 17 часот ќе се одржи и првиот тренинг, за да утредента, во вторник наутро се одработи вториот тренинг. Веќе попладнето, околу 15 часот закажан е летот за Ереван. Тоа значи дека Милевски и нашите репрезентативци ќе одработат само два тренинг пред патувањето во Ерменија. Таму ќе се одработи најмалку еден тренинг, а натпреварот во четврток започнува во 18 часот.

Претходно„НЕ“ за милионскиот договор: Фановите на Баерн со порака до раководството!
СледноГлавоболки за Милевски: Јаховиќ повреден!?