Лео Меси по повод 25 години од Аргетинскиот весник “Оле“ даде големо интервју во кое тој се навраќа на разни теми од својот живот, се разбира говори и за фудбалот.
Тој нема да игра за Барселона на последниот меч во Ла Лига против Еибар.
“Дали е тешко да си јас, да си Меси? Да, понекогаш е тешко да си Меси и дефинитивно. Понекогаш сакам да со нормален човек како и сите останати. Сакам да одам во шопинг, или на било кое друго место. А тоа за мене претставува напор. Не дека сите ме препознаваат и сакаат да се фотографираат туку затоа што понекогаш токму тој може да не се осеќам добро. Сакам само да бидам во мир и тишина и никого да не видам. Јасно ми е зошто луѓето сакаат автограм или селфи, но понекогаш не сум расположен и тоа ми се случува често. Сепак, со тоа морам да се носам, немам право да се жалам“, вели најдобриот фудбалер во светот.
Тој открива дека е колекционер на дресови и дека жали што нема дресови од бразилскиот Роналдо и Роберто Карлос. Дека сака да биде постојано со своето семејство, дека ужива во нивното друштво, децата често ги носел на тренинзи.