Влахо не е веќе тренер на Работнички!!!

1129

Како што дознава Спортмедиа, Александар Влахо не е веќе тренер на Работнички. Кобни беа тие 0:3 од Академија Пандев за младиот стратег. Дека Работнички и Влахо ќе се разделат тоа беше само прашање на време по последните неуспеси на тимот, но сепак катастрофата од „пандевци“ му пресуди. Дека е готово доказ е и тоа дека Влахо утринава не присуствувал на тренингот.

Сега прашање е кој ќе го наследи Влахо на „жешката“ клупа на Работнички.

Има повеќе кандидати, се очекува во текот на денешниот ден да биде познато имено на новиот шеф на стручниот штаб на Работнички.

ПретходноШкендија го доби тетовското дерби
СледноЧави воведе пет нови прави во Барса, едно се однесува на Пике!