Хрватка ќе го суди квалификацискиот меч Германија – Лихтенштајн

78

Хрватската судијка Ивана Мартинчиќ ќе дебитира на интернационалната сцена со мечот меѓу машките селекции на Германија и Лихтенштајн во квалификациите за СП 2022. 36-годишната Хрватка од Копривница е именувана за главен арбитар на мечот кој ќе се игра на 11 ноември на „Фолксваген арена“ во Волфсбург.

Помошници ќе и бидат сонародниците Горан Патаки и Сања Родак.

Инаку Мартинчиќ во септември оваа година првпат почна да суди натпревари од првата лига на Хрватска. Таа е кандидат за настап на женското СП во Австралија и Нов Зеланд во 2023 година.

ПретходноОткриена причината зошто младиот фудбалер на Сити извршил самоубиство
СледноИмобиле: Критиките кон мене се неправедни