Саул не се снајде во Челзи, се враќа во Шпанија

267

Шпанскиот офанзивец Саул Њигез не се снајде во Челзи по трансферот од Атлетико Мадрид. Тој не успеа брзо да се адаптира на играта во Премиер лигата и во Челзи, па не му е прв избор на тренерот Томас Тухел. Тој дојде како позајмен од Атлетико во последниот ден од преодниот рок, но од тогаш па до сега имаше само два настапи и вкупно 56 минути во Премиер лигата.

Тоа е очајна статистика за играчот кој во Атлетико беше стандарден играч. Се шпекулира дека Саул уште во јануари ќе се врати во Атлетико пред да истече позајмицата. Очигледно животот во Лондон и начинот на работа во Челзи не му одговара.

Саул беше во младинските категории на Атлетико, а за првиот тимдебитираше во 2012 година. Прегтходно две сезони играше за Б тимот. Има и 19 настапи за шпанската селекција.

За Атлетико има 340 настапи во сите натпреварувања, а 230 се во Ла Лига.

ПретходноВиктор Фонт со порака за Лапорта: Како знаеш да го вратиш Меси во Барса!
СледноФранцузите останаа без двајца играчи за дуелите со Ерменија и Македонија