Новиот тренер на Барселона, Чави, му забранил на дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике да дава интевјуа по неговото пристигнување на „Камп Ноу“. Пике имал договорфено интервју за шпански весник, но Чави, наводно, му забележал дека често се појавува на разни јавни настани кои немаат врска со светот на фудбалот.
Легендата на Барселона сака да ја елиминира можноста играчите да обрнуваат внимание на други работи, освен на Барселона и нивната непосредна иднина. Првиот натпревар на Барселона под водство на Чави ќе биде против Еспањол во сабота на 20 ноември.