Утре од 18 часот, во меч од 9.коло во кваликациската група -Ј за пласман на СП во Катар 2022, во Ереван се среќаваат Ерменија и Македонија. Која од овие селекции ќе победи, ќе може да се надева на кикс на Романија, па со тоа и на пласман во баражот.
Доцна попладнево прес одржа и селекторот на Ерменија, Шпанецот Хоакин Капарош, кој во суперлативи говореше за нашиот репрезентативен тим.
“Во последно време со Македонија сме одиграле неколку натпревари. Добро го познаваме нашиот утрешен ривал, но и тој добро не познава нас. Можам да кажам дека Македонија има многу добар тим. Ние докрај ќе се бориме за билет на Мундијалот се додека имаме шанси“ истакна покрај другото Капарош.