Магија на Енис Барди среде Ереван. Луѓе…ја победивме Ерменија со 0:5 на гости. Па, зарем е можно? И ова е супер реванш за тие 4:0 во Ереван пред две години..
Сепак, ова е техт за Барди, кој ги заслужува сите честитки. Ретко кој наш репрезентативец постигнал три гола на еден меч. Два од пенал и еден маестрален погодок. Безброј додавања, одземени топки, проигрувања. Се што треба да стори еден фудбалски мајстор, тоа вечерва во Ереван го демонстрираше Барди.
Со овој меч тој и дефинитивно се наметнува како предводник на оваа млад, моќна, силна Македонија.
Беше милина да ги следиш момците на Милевски како вечерва среде Ереван играа. Ова и дефинитивно е еден од нашите најдобри настапи во репрезентативната историја.
Браво, браво уште еднаш БРАВО.
А, Барди… тој е нашиот Меси, македонскиот Меси.










