Лече го избрка тренерот кој го држеше Николов на клупа

319

Бобан Николов официјално ќе има нов тренер. Екипата на Лече официјално го отпушти тренерот Еугенио Корини, откако не успеа да се пласира во плеј-офот за пласман во италијанската елита.

Во актуелната сезона, Лече заврши на четвртото место и до пред неколку недели беше фаворит за второто место во Серија Б. На крајот не успеаја да обезбедат директна промоција, а се „сопнаа“ уште на првата пречка во плеј-офот, откако испаднаа од Венеција.

Корини минатото лето имаше потпишано тригодишен договор со Лече, а неговото заминување веројатно е и добра вест за нашиот репрезентативец, кој не уживаше доверба кај Корини, па постојано беше на клупата за резерви.

ПретходноБитка за Ла Лига: Атлетико (М) сам решава за тронот, Реал се „моли“ во Ваљадолид на Роналдо
Следно„Ла Стампа“: Ако Роналдо си оди, Јуве тргнува по Гризман