Зарем треба да се каже што значи Езџјан Алиоски за нашата најдобра фудбалска репрезентација. На секој меч за Македонија тој го дава својот максимум. Вчера иако постигнавме пет гола, сепак тој не се запиша во листата на стрелците, но не е тажен, напротив.
“Во живот ништо нема случајно. Овој резултат е плод на нашата напорна работа. Се гледа квалитетот на фудбалерите кои играа на младинското европско првенство, но и на она сениорското. Јас сум голем оптимист. Тоа што го покажавме со Ерменија сега треба да го покажеме и на неделниот натпревар со Исланд. И јас и сите ние сакаме повторно да испишеме историја“ истакна Алиоски.