Жоржињо промаши пенал за пат на Италија на Мундијалoт, Англија ја потопи Албанија (ВИДЕО)

373

Италија и Швајцарија оставија во последното коло да решаваат кој ќе оди директно на СП во Катар, а кој ќе мора да игра баражи. Вечерва во Рим, Швјацарците поведоа со еден фантастичен гол на Видмер во 11. минута, па „аѕурите“ се вратија со голот на Ди Лоренцо за израмнување во 36. минута.

Моментот на одлука беше во 89. минута кога Ентони Тејлор покажа на белата точка за Италија, но Жоржињо биеше очајно лошо и го префрли голот на Зомер со што пропушти на Италија да и донесе голема победа, која веројатно со една нога ќе ги однесеше „аѕурите“ на Мундијалот.

Англија остана во пол-позиција пред Полска за директен пласман на СП откако ја прегази Албанија за 45 минути. „Гордиот Албион“ на „Вембли“ одигра брилијантно прво полувреме во кое постигна пет гола, со хет-трик на неверојатниот Хари Кејн и ја запиша седмата победа во групата. Англичаните со 23 бода остануваат на три бода предност пред Полска пред последните два одлучувачки меча во вторник: Сан Марино – Англија и Полска – Унгарија, што практично значи дека со една нога се во Катар.

Во групата „Ф“, Шкотска попладнево си заврши работа за бараж, па вечерашните дуели немаа резултатско значење. Австрија со пресврт славеше над Израел, а Данска рутински ги доби Фарските Острови со 3:1, но мал куриозитет е што овој гол на гостите беше првиот кој Данска го прими во овие квалификации.

ГРУПА „Ц“

Италија – Швајцарија 1:1

С. Ирска – Литванија 1:0

Standings provided by SofaScore LiveScore

 ГРУПА „Ф“

Молдавија – Шкотска 0:2

Австрија – Израел 4:2

Данска – Ф. Острови 3:1

Standings provided by SofaScore LiveScore

ГРУПА „И“

Англија – Албанија 5:0

Андора – Полска 1:4

Унгарија – Сан Марино 4:0

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноИсланд доаѓа во Скопје со една голманска промена
СледноПретседател на Валенсија обвинет за сексуален напад врз малолетник