Јокиќ се врати со трипл-дабл, Доничиќ и Далас го одиграа најдобриот меч сезонава (ВИДЕО)

261

Никола Јокиќ се врати во тимот на Денвер по еден меч суспензија и со нов трипл-дабл беше еден од клучните играчи кај Нагетс во новата победа сезонава, овој пат над Атланта со 105:96. Српскиот центар забележа трипл-дабл учинок со 22 поени (10/22 од игра, 1/8 за три), собра дури 19 скока и реалирираше 10 асистенции.

Со тоа, Јокиќ се израмни со Лери Бирд на вечната листа на НБА лигата по бројот на трипл-дабл ефекти – двајцата го делат осмото место.

Далас одигра најдобро сезонава во 12-от натпревар и ја постигна осмата победа. Мавси го победија Сан Антонио со 123:109, а Лука Дончиќ го постигна првиот трипл-дабл сезонава со 32 поени, 15 асистенции и 12 скока. Конечно вистинското лице втор меч по ред го покажа и Кристапс Порзингис кој средбата ја заврши со 32 поени.

Голден Стејт не знае за пораз. Синоќа Вориорс ги „преслушаа“ и Чикаго Булс совладувајќи ги со убедливи 119:93. Стеф Кари постига 40 поени во новата 11-та победа за Вориорс, додека Вигинс му „асистираше“ со 15 поени.

НБА, резултати:

Шарлот – Њујорк 104:96

Бостон – Милвоки 122:113 (п)

Кливленд – Детроит 98:78

Хјустон – Портланд 92:104

Мемфис – Феникс 94:119

Њу Орлеанс – Бруклин 112:120

Оклахома- Сакраменто 105:103

Сан Антонио – Далас 109:123

Денвер – Атланта 105:96

Голден Стејт – Чикаго 119:93

ЛА Лејкерс – Минесота 83:107

ПретходноДи Марија за победа на Аргентина, Меси играше само 14 минути (ВИДЕО)
СледноМеталург и Охрид лесно го минаа првото коло во Купот