Манчини: Не е лесно да се изведе пенал во последната минута, Жоргињо веројато нема да шутира пенали повеќе (ВИДЕО)

284

Репрезентацијата на Италија синоќа на домашен терен направи чекор назад во обидот да се квалификува за Мундијалот во Катар, затоа што одигра само 1:1 против репрезентацијата на Швајцарија.
Нештата можеа да бидат поинакви затоа што домаќинот промаши пенал во последните секунди од мечот. Жоргињо шутираше високо над голот, и не успеа да се справи со притисокот.

Селекторот на Италија, Роберто Манчини по натпреварот на прес конференцијата изјави дека не е лесно да се изведе пенал во такви клучни моменти.

„Тој е клучен играч за нас, но веројатно ќе го промениме изведувачот на пеналите. Ќе разговарам со него и ќе видиме што понатаму. Не е лесно да се изведе пенал во тие моменти“ – рече Манчини.

ПретходноСпортмедиа: Пиво може и пред мечот, само утре Македонија да победи
СледноБилд: Борусија во јануари тргнува по Зиеш