Пријателска во Тетово: Шкендија го декласира Работнички со 7:2, хет трик на Гури!

758

Убедлив триумф на шампионот, на тимот на Шкендија денеска во Тетово на пријателската средба со Работнички.Момците на Бруно Акраповиќ со неверојатни 7:2 успеа да го победат  тимот на Борче Христов кој на овој меч го имаше своето деби на клупата на „романтичарите“, очигледно дека имаше неславно деби.

Головите за Работнички ги постигнаа Марио Станковски и Драган Стојков.

Додека за Шкендија стрелци беа Гури кој постигна три гола, потоа Шаља стрелаше двапати а по еден постигнаа Дориев и Хебај.

ПретходноСити со последен обид да го донесе Хери Кејн
СледноВоска Спорт рутинирано со триумф во Прилеп!