Алвеш: Пет години се борам за кам – бек на Ноу Камп

446

Она што се најавуваше како можна варијанта се обвистини денеска. Дани Алвеш се враќа во тимот на Барселона, како слободен играч. По пет години откако првично си замина од овој клуб, бекот се враќа во многу специфичен момент, кога клубот се соочува со огромен број на проблеми.

„Речиси пет години се  борам за овој кам бек. Не знаев дека ќе трае волку долго и дека ќе биде волку тешко, но во срцето и душата знаев дека ќе дојде до овој момент, да се вратам во Барселона. Се враќам дома. Се гледаме наскоро со истиот ентузијазам и мотивација како и првиот пат“ – рече Дани Алвеш.

 

ПретходноСтруга ТЛ со 2:1 го победи Велешта во пријателски меч!
СледноМилевски: Со ладни глави и жешки срца одиме по бараж