По заминувањето на Ханси Флик од Баерн Минхен во репрезентацијата на Германија, раководството на “баварвите“ го ангажираше младиот Јулин Нагелсмн, и се чини дека не погреши. Сепак покрај Нагелсман, раководството на Баерн размислувале и за Жосе Мурињо, дури и се воделе преговори со харизматичниот Португалец кој сега е тренер во Рома.
Оваа информација ја потврдува Карл-Хајнц Румениге, легендата на Баерн и германскиот фудбал и довчерашен претседател на клубот.
“Да, точно е дека размислувавме да го ангажираме Мурињо. Јас лично имав и разговори со него. Тој сакаше да дојде. Сепак на крајот се одлучивме за тренер кој ги има карактеристиките кои му одговараат на Баерн, а тоа беше Нагелсман. Го почитуваме Мурињо, тој е еден од најдобрите тренери во светот и му посакувам успешна работа во Рома“ истакна Румениге.