Јунајтед не го ангажирал Конте затоа што Италијанецот имал нереално барање

891

Манчестер Јунајтед планирал да го назначи Антонио Конте за нов тренер на местото на Оле Гунар Солскјер меѓутоа се откажал откако Италијанецот имал нереално барање, а не се однесува до платата туку до трансферите. Имено италијанскиот стратег сакал да прифати да го води славниот англиски клуб, но побарал трансферен буџет од 250 милиони фунти за 2022 година, пренесува „Дејли стар“.

Тоа било неприфатливо за челниците на Јунајтед по што се повлекле. Се уште кружат неколку имиња за можни тренери на „црвените ѓаволи“, а меѓу нив е и Брендан Роџерс од Лестер, екс-стратегот на Реал Мадрид Зинедин Зидан…

ПретходноПОЛУВРЕМЕ НА АРЕНАТА: Водиме со 1:0, ВАР ни поништи гол! (Фото+видео)
СледноШТЕТА: Тортеинсон нѐ врати чекор назад! (видео)