И шампионките немоќни против полетниот Работнички

234

Одбојкарките на Работнички го добија големото дерби на 7. коло од домашното одбојкарско првенство, откако на гости против шампионот Јанта Волеј КВ славеа со 3:0. Во меч во кој видовме три одлични сета, особено се издвои оној првиот во кој одлуката падна дури со освојувањето на 30-от поен за гостинките.

Работнички со играта и денеска потврди дека оваа година е најголемиот фаворит за титулата, но јасно е дека ќе има достојни ривалки во уште неколку екипи, меѓу кои и Јанта Волеј КВ. Со оваа победа, Работнички успеа да се врати на лидерското место на табелата, пред струмичкиот состав Наковски Волеј.

Прва лига (жени), 7. коло

Пелистер волеј – Универзитет во Тетово    2:3 (25:15, 23:25, 18:25, 25:23, 12:15)

Фит фан волеј – Вардар жени                    3:1 (25:15, 23:25, 25:19, 25:17)

Наковски волеј – Струмица жени               3:0 (25:23,25:22, 25:19)

Јанта волеј КВ – Работнички Скопје           0:3 (28:30, 20:25, 21:25)

ТАБЕЛА: 1. Работнички 20, 2. Наковски Волеј 18, 3. Јанта Волеј КВ 14, 4. Струмица 14, 5. Пелистер 7, 6. Фит Фан Волеј 6, 7. Универзитет во Тетово 6, 8. Вардар 0.

ПретходноСудиска циркузијада: Јужна Африка „ограбена“, бара преигрување на мечот со Гана! (ВИДЕО)
СледноВенгер му „наместил“ клуб: Љунгберг станува тренер во Јапонија