Повратникот во нашата фудбалска репрезентација, Дориан Бабунски, за сума од 100.000 евра може да си замине од неговиот сегашен клуб Ботев (Враца). Како што објавија утрово бугарските медиуми, Бабунски има посебна клаузула во договорот со која Ботев ќе бара најмалку 100.000 евра за негово превремено заминување.
Договорот на Дориан е до крајот на сезоната, но има најави дека тоја уште оваа зима ќе го смени клупскиот дрес. Интерес за нашиот репрезентативец кој се најде во списокот на селекторот Милевски за последните две средби од квалификациите за СП со Ерменија и Исланд, има кај Левски, Славија Слофија и Ботев Пловдив.