По двата порази во АБА 2-лига, Пелистер се рехабилитираше во домашниот шампионат, каде засега е непгрешлив. Битолскиот тим на гостински терен го совлада МЗТ Скопје 2 со 68-96 за седма победа во низа во Првата лига. На другата страна МЗТ Скопје 2 пак го запиша шестиот пораз оваа сезона.
Шест кошаркари заврши со двоцифрен број на поени, најефикасни беа Малешевиќ со 17 поени и Хатон со 15, кај домаќинот Рансом имаше 16 поени.
Избраниците на Марјан Илиевски водеа во текот на целиот меч. Првата четвртина беше релативно изедначена (19-23), додека во следниот период Пелистер успеа да поведе и со двоцифрена разлика 39-51.
Младите „штркчиња“ беа немоќни, ниту одморот не им помогна за да продолжат рамо до рамо против фаворитот. Битолчани сите дилеми ги решија во 30. минута кога дојде до плус 30 (55-85).