Четири гола на Лазаров, Нант победнички во Европската лига

120

Кирил Лазаров и Нант продолжија победнички. Францускиот тим овој пат одигра одличен натпревар во Европската лига, пред своите трибини го совлада ГОГ со 27-24 (11-8) во меч од третото коло. За Нант ова беше втора победа, се изедначи со ГОГ и Лемго, заедно ја делат втората позиција на табелата.

Тимот за кого настапува македонскиот селектор, по релативно изедначено прво полувреме во кое имаше позитива од 11-8, доминираше во вториот дел. Поведе со шест гола разлика (20-14), држеше високо темпо на игра, кое гостите не можеа да го пратат.

Лазаров средбата ја заврши со четири гола од девет обиди, три од нив ги постигна во второто полувреме.

ПретходноТухел не го сакал Саул, Челси, сепак, го ангажирал Шпанецот за да направи услуга
СледноХоландија директно на СП, Турција, Велс и Украина во баражот