Жоао Феликс паузира шест недели

141

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс има повреда на потколеницата и ќе биде надвор од терените на неодредено време, соопштија од клубот. Феликс се повреди на тренинг во средата на големо разочарување на сите во таборот на Атлетико. Лекарите во Универзитетската болница во Навара му дијагностицирале повреда на мускулот.

Закрепнувањето на Феликс би можело да потрае и до шест недели, а португалскиот репрезентативец денеска ќе започне со работа со физиотерапевт.

Сезонава Фелиск настапи само на 11 мечеви за Атлетико, а постигна еден гол.

 

ПретходноФијаско на Порто во Париз, Барса после шест години падна дома!
СледноГлазгов Ренџерс се пофали со Ван Бронхорст!