Првиот потег на Џерард во Астон Вила: Кечапот да се исфрли од менито!

438

Стивен Џерард, легендата на Ливерпул и англискиот фудбал, од денеска и официјално е тренер на Астон Вила, имено денеска беше одржана официјалната промоција. Џерард досега се “калеше“ во Глазгов Ренџерс, а сега дојде во Астон Вила, во некогаш европскиот првак.

И прво што направил тој во клубот е да стви ред во исхраната на своите играчи. Па така тој им забранил на своите фудбалери да користат кечап, што наиде на чудење во клубот, посебно во клупската кантина.

Тоа го забранив само што влегов во клубот. Играчите мора да имаат вистински менталитет. Мора да бидат вистински професионалци како би станале елитни играчи“ изјави новиот стратег на Астон Вила.

ПретходноНова победа за одбојкарките на Наковски Волеј
СледноФијаско на Порто во Париз, Барса после шест години падна дома!