“Бомба“ од Париз: Зидан на клупата на ПСЖ, Покетино во Јунајтед!?

1510

Оле Гунар Солксјер се чини дека и дефинитивно е екс тренер на Манчестер Јунајтед. Се шпекулира дека раководството на „ѓаволите“ веќе му има спремано отказ, проблем е само кој ќе го наследи.

Се споменуваше Зинедин Зидан, тој е во “конекција“ со клубот од “Олд Трафорд“, но сега ПСЖ сака да ја расипе работата и да му понуди договор на некогашниот стратег на Реал Мадрид. Медиумите во Париз тврдат дека Леонардо веќе стапил во контакт со Зизу, но сеуште било рано за дефинитивни заклучоци.

Во случај Зидан да каже “ДА“, тогаш Маурицио Покетино, актуелниот тренер на “светците“, би заминал на “Олд Трафорд“ и би го наследил на клупата Оле Гунар Солскјер.

Колку од ова е навистина можно, останува да се види.

ПретходноГлазгов Ренџерс се пофали со Ван Бронхорст!
Следно„Кралевите“ пресилни за Ц. Звезда, Баерн го победи Панатинаикос!