Во рамките на 12. коло во Премиер-лигата силите ќе ги одмерат Ватфорд и Манчестер Јунајтед. Пред оваа средба, тренерот на Ватфорд, Клаудио Раниери, зборуваше за еден од најдобрите фудбалери во светот, Кристијано Роналдо.

Португалецот оваа сезона се врати на „Олд Трафорд“, иако има одлини статистички бројки, сепак на Островот почесто може да се прочитаат текстови дека токму тој е еден од најголемите проблеми на Јунајтед.
Раниери не го дели истото мислење.
„Роналдо е еден од најдобрите фудбалери во светот. Неговиот кам-бек е добар знак за англискиот фудбал. Многу млади фудбалери го гледаат и сакаат да бидат како него.
Роналдо проблем? Не, не…Дајте ми го Роналдо ве молам. Нема да биде проблем и ќе игра цело време“, беше изјавата на стратегот на Ватфорд.
Оваа сезона тој одигра 13 меча за Јунајтед и постигна девет гола.