По најавите за бришење на картоните: Македонија со Елмас и Костадинов во баражот!?

3883

Елиф Елмас и Тихо Костадинов, поради добиени жолти картони на мечот со Исланд, кои им беа втори, автоматски добија суспензија од еден меч неиграње. Значи тие не можат да се најдат во составот на Македонија во полуфиналето на баражот за пласман на СП. Додека во евентуалното финале би можеле да играат.

Како што се наведува во одредени медиуми, поточно во „ЕСПН“, покрената е иницијатива од репрезентациите учеснички во баражот, сите играчи што во него влегоа“ со картони, да им се избришат и тие слободно да можат да играат. Значи сепак, иако мали, има шанси овие двајца наши важни играчи да бидат во составот во полуфиналето.

Сепак за ова треба да одлучи самата ФИФА, зошто ова натпреварување е под нејзина “капа“ што се вели. Постојат две варијанти, ако веќе ФИФА се смилува. Првата е да се бришат сите картони, ова за нас и посебно за Елмас и Костадинов би било супер. Но постои и друга варијанта, односно да се бришат жолтите картони на тие кои што имаат по еден, со цел да можат полуфиналето да го одиграат без проблем, со цел, ако нивните селекции победат, тогаш да играат и во финалето.

Се разбира дека оваа варијанта не им оди во прилог на двајцата наши “пожолтени“ играчи.

Останува да се види дали ќе има и каква ќе биде одлуката за ова прашање од страна на ФИФА.

ПретходноЈашароски пред дуелот со “лавовите“: Секогаш имам мотив повеќе против мојот зет!
СледноРуд преку Рубљев во полуфиналето на АТП турнирот во Торино!