По 15 години на клупата на Уругвај, односно 224 натпревари, Оскар Табарез е сменет од функцијата. Седмото место во квалификациите за СП 2022 и 16 освоени бодови е лош ефект за Уругвај кој може да остане без место на Мундијалот. Тоа беше причината што Федерацијата одлучи да го отпушти Табарез од клупата и да внесе свежина во тимот. Нов селектор кој ќе го раздрма тимот и ќе го насочи кон Мундијалот.
А има време да се исправат работите затоа што до крајот има уште четири кола, а Уругвај ќе игра со Парагвај, Венецуела, Чиле и Перу. Но освен што ќе мора да победува ќе треба да се надева и резултатите на другите конкуренти да им се поклопат.
Инаку Табарез во 2011 година го однесе Уругвај до титулата во Јужна Америка.