Пандев за Шевченко, Мурињо…пензијата!

778

Одамна е познато дека Горан Пандев ја игра последната сезона во Серија А, последна сезона во својата кариера. Тој во неколку наврати истакнувал дека во јуни ќе се повлече од фудбалот, а тоа го потврди и за медиумите во Италија кога говореше за претстојниот меч меѓу неговата Џенова и Рома, каде што е тренер фамозниот Жозе Мурињо. Тренерот од Интер кога заедно ја освоија триплетата во таа 2010 година.

Гранде во интервјуто за Кориере Дело Спорт покрај другото истакна…

Да, и дефинитивно ова е мојата последна сезона. Во иднина не се гледам како тренер, можеби како менаџер или нешто слично. Доаѓањето на Швеченко во Џенова е голема работа за нашиот клуб. Шева е амбициозен тренер, тој е шампион и секако дека од него многу се очекува. За Мурињо имам само пофални зборови, тоа е човекот кој ги промени моите погледни во фудбалска смисла“ рече Гранде Пандев.

ПретходноАјде момче Македонче: Павлов денеска се бори за ЗЛАТО!
СледноПејовиќ: Дуелите со Бутел секогаш се тешки, но искуството е на наша страна!