Што посака Сејдини пред стартот на квалификациите за СП во Катар? (ФОТО)

849

Иако измина речиси една недела од победата над Исланд и пласманот на нашата репрезентација во баражот за пласман на СП во Катар, во нашата фудбалска и спортска јавност, сеуште не стивнува еуфоријата. Фудбалска Македонија е во транс, едвај чекаме да дојде петок за да ги дознаеме ривалите во пресудните битки по кои Македонија би остварила фантастичен успех, а тоа е учество на еден Мундијал.

Се разбира дека ни се потребни уште две скалила, но исто се разбира дека оваа генерација ќе стори се уште еднаш да ја израдува својата нација.

За овој успех и пласман во баражот, покрај фудбалерите, селекторот Благоја Милевски и неговиот претходник, голема заслуга има и Фудбалската федерација на Македонија. Тоа никој, ама баш никој не може да го оспори. Федерацијата на чие чело е Муамед Сејдини, беше вистиска логистика за репрезентација. Едноставно им овозможи најдобри можни услови, се што треба, само тие да играат фудбал, да играат за својата земја нандобро што можат и да бележат резултати.

Сега ајде малку да се потсетиме на тоа што посака претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини на 25 март кога и почнаа квалификациите. Имено тој на својот личен ФБ профил, прво посака успех на репрезентацијата, а потоа посака на крајот од квалификациите насловите во медиумите да бидат како тоа Македонија остварила уште еден историски успех.

Се разбира со макотрпна работа, со вистинска стратегија, со влечење вистински потези во вистинско време, се е можно.

Па така и Македонија да игра на Мундијалот.

Ова нека бидат насловите што ќе ги чита цела Македонија по крајот од квалификациите за СП во Катар 2022“ посака Сејдини…

ПретходноНа Николов му требаа само пет минути: Кам – бек со гол за Македонецот во Шериф! (видео)
Следно“Крца“ на ФФМ: Супер – дербито во ВМФЛ предизвикува големо внимание! (ФОТО)